„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Вози ме“, „Манастириски сон“, се само дел од многуте хитови на еден од најпопуларните рапери кои се појавиле на македонската музичка сцена некогаш, Раде Врчаковски – Врчак.
Оние што се сеќаваат, знаат дека Врчак уживаше во огромна популаларност и буквално живееше како светските славни личности. Беше миленик на женската популација, секогаш возеше брзи и скапи автомобили и честопати неговото име се провлекуваше низ таблоидите и весниците.
Но, по се изгледа раперот се засити од ваквиот начин на живот и поради тоа реши да се тргне што е можно подалеку од очите на јавноста. Она што се знае за него, е тоа дека тој и понатаму компонира музика за себе, но и за странски изведувачи. Врчак за кратко време најавува нешто ново и нешто големо за неговото враќање на сцената.
Денеска тој на својот Фејсбук профил објави видео од себе на кое никој не остана рамнодушен, особено генерацијата која порасна со неговиот стил и песни. Во глобала фановите се згрозени од гестикулациите и стилот кој го прикажува на видеото.
Како и да е раперот има многу искуство и знае да плива во овие води, веројатно е дека многу добро знае што прави и што сака да предизвика кај публиката.
Еве што напиша тој на својот Фејсбук профил:
ВРЧАК 2023 НОВА ПЕСНА 😀Името на новата песна е “Да ме лижнеш”, во видеото има и официјална НАЈАВА НА АЛБУМОТ КОЈ ГО СНИМАВЕ ВО АМЕРИКА (во PARAMOUNT, Калифорниа) со на Бруно Марс инжињерот и одлични артисти од Los Angeles, амерички албум е, врв е албумот велат самите америкаци меѓу кој се и искусни мегахит мејќери (соработници на светски познати ѕвезди со песни со миљарди гледаност на YouТube), велат освежувачки одлично ќе помине албумот во Америка. Албумот е веќе и со ISRC кодови на продуцнтска куќа на Will I AM (ќе излезе во Америка пред лето 2024, а да се надеваме сите дека ќе е и порано).
Во видеото има подетални информации за се ова (и како се случи се), како и за научните откритија кој ни се случија во државата (а се поврзано со научните откритија е поголемо од што може човек да сонува, ќе види и ќе чуе секој човек се во видеото, за повеќе нобелови награди да ни стигнат во државата се научните откритија велат професори), а во видеото има и информации до Светската Здравствена Организација за кој мора секој човек да чуе барем еднаш во животот, и да имаме поубав, подлог и поздрав живот, како и иднина без робства на планетата Земја.
Држете ни среќа.
Секој човек мора да го изгледа внимателно целото видео барем еднаш во животот и да сподели се.
Be the first to write a comment.