Колумбиската пејачка Шакира на почетокот на месецот се пресели во Мајами со синовите Милан и Саша, а сега кај нејзините деца пристигна и нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.
Поранешниот фудбалер на Барселона беше снимен на аеродром, а многумина забележаа дека Пике изгледа уморно и запоставено и дека очигледно качил неколку килограми.
„Што му се случиlo“, „Изгледа дека веќе не го тренира ниту телото, ниту мозокот“, „Вака не изгледа среќен маж“, „Изгледа дека премногу се опуштил на одмор“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Новинарите го опколија Пике веднаш по излегувањето од аеродромот, а меѓу другото го прашаа и за наводната промена на полот на неговата нова девојка Клара, но фудбалерот не даде никакви изјави.
Пред да отпатува во Мајами за да ги види своите синови, Пике помина неколку дена на одмор во Абу Даби со Клара Чиа, поради која ја остави Шакира по 12 години врска.
Be the first to write a comment.