Шпанскиот сеизмолог Жорди Дијаз, оценувајќи ја ситуацијата во Истанбул, кој експертите во Турција го рангираат како едно од местата со висок ризик од земјотрес, вели дека покрај Истанбул, подеднакво големи земјотреси може да се очекуваат и во уште три големи светски градови.

– Истанбул, како и многу други места, е изложен на ризик од големи и разорни земјотреси. Истанбул е многу очигледна закана, но подеднакво големи земјотреси се очекуваат и во Токио, Лос Анџелес и Сан Франциско. Тоа е исто како да живеете во близина на области во ризик од поплави, рече Дијаз.

Постои ризик, рече Дијаз, а она што треба да се направи е барем новите згради да се градат со најдобра отпорност на земјотреси, да се зајакнат логистичките потпори и да се подготват спасувачките екипи од сите страни.

– Затоа што од овој момент не можете целосно да рушите населби и да градите нови домови. Никој не може да го поднесе економскиот и социјалниот товар од ова. Ако живеете во зона на земјотрес, треба да знаете дека порано или подоцна тој земјотрес ќе се случи. Големиот земјотрес во Сан Франциско се случи во 1906 година. Сега таму сите чекаат нов голем земјотрес, рече Дијаз.

Според него, изградбата на издржливи згради спасува животи и дека тоа може да се види кога се испитуваат земјотресите во Јапонија и Хаити со слична јачина.