Националното прашање во Бугарија и Северна Македонија наликува на ситуацијата со која се соочуваат Русија и Украина: поделба на ист народ, смета поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
– Многумина го поставуваат прашањето што се случува во Украина, зошто Русите се однесуваат така…? Многу едноставно. Да си одговориме ние Бугарите: зошто ние сме такви кон Македонија? Тоа е исто. Чувство за заедница, измамено чувство за заедница, мешање однадвор со цел да се подели една нација. Создавање нови народи, обиди да се спротивстават едни на други – изјави Каракачанов.
Тој го изрази своето противење на учеството на Бугарите во воени операции надвор од границите на земјата со цел задоволување на туѓи интереси.
Според него, бугарската армија нема да може да го издржи учеството во сегашниот конфликт.
Тој додаде дека земјата мора да биде подготвена за конфликт на Балканот.
– Бугарската армија треба да биде подготвена да ги заштити своите граници и своите национални интереси овде на Балканот. Единствената војна во која лично би отишол е онаа доколку нешто се случи во Северна Македонија. Тоа се наши територии, наши сонародници. Друга работа е што на еден дел од нив (на Македонците) им е испран мозок – рече Каракачанов.
Be the first to write a comment.