Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска изјави дека Москва треба да размисли во Украина да употреби нуклеарно оружје со мала моќност, по новиот голем пораз на бојното поле.
Коментирајќи го денешното губење на руското стратешко упориште, градот Лиман, во источна Украина, Кадиров на каналот Телеграм напиша: „Според мене, треба да се преземат подрастични мерки, кои би оделе до таму што ќе се прогласи вонредна состојба во пограничните области, како и употреба на нуклеарно оружје со помала моќност.“
Чеченскиот лидер ова го кажа само еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин официјално ја објави анексијата на четирите украински региони, вклучувајќи го и Доњецк, каде што се наоѓа градот Лиман, и сите овие места ги стави под руски „нуклеарен чадор“.
Путин вчера, исто така, кажа дека Москва ќе ги брани териториите што ги окупира „со сета сила и со сите свои средства“. Познато е дека Русија го има најголемиот нуклеарен арсенал во светот, вклучувајќи го и тактичкото нуклеарно оружје со помала сила, дизајнирано да се користи против ривалските армии.
Останаа сојузниците на Путин, меѓу кои поранешниот претседател Дмитриј Медведев сугерираат дека Русија можеби треба да прибегне кон нуклеарно оружје, но повикот на Кадиров е досега најексплицитен.
Be the first to write a comment.