Евгениј Пригожин, основачот на озлогласената руска платеничка група „Вагнер“, објави фотографија на социјалните мрежи за која тврди дека прикажува десетици мртви „вагнеровци“, кои наводно исчезнале на 21 февруари.

За нивната смрт рече дека виновни се „изгладнувањето со гранати“ и „оние кои мораа да го решат проблемот со снабдување на Вагнер со доволно количество муниција“, пишува „Украинска правда“.

Имено, Пригожин на социјалните мрежи објави фотографија од официјално барање до руската армија да ја снабди групата Вагнер со муниција за да го освојат Бахмут. Пригожин тврди дека неговото барање не е исполнето.

„Не ни испратија муниција. Уште не ни ја даваат. Сега е 10 часот наутро, 22 февруари. Не презедоа никакви чекори да ни набават муниција“, објави Пригожин со фотографија од загинатите платеници на Вагнер.

„Објавувам фотографија, тоа е едно од местата каде што ги собираме мртвите. Ова се момците кои вчера загинаа од таканаречениот глад од муниција“, најави Пригожин, а потоа додаде: „Можеше да биде пет пати помалку. Толку многу мајки, жени и деца ќе ги добијат нивните тела“.

ВНИМАВАЈТЕ, ФОТОГРАФИЈАТА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКА:

Руското Министерство за одбрана обвинето за „велепредавство“

За потсетување, Пригожин вчера го обвини раководството на руското Министерство за одбрана за „предавство“ поради, како што рече, фактот што неговата приватна воена компанија, која се обидува да го освои Бахмут, не ја добила потребната муниција.

„Тоа е велепредавство во време кога Вагнер се бори за Бахмут и губи стотици борци секој ден“, рече тогаш Пригожин.