Младиот грчки фудбалер Јорданис Адамакис (22) загина во страшна сообраќајна несреќа кога се судриле два воза.

Амадакис кобниот ден бил на релација Атина-Солун, а според грчките медиуми неговото семејство не знаело дека тој бил во возот на смртта во моментот на несреќата.

Јорданис Адамакис кариерата ја започна во Врасида Неос Перам, во сезоната 2019/20 настапуваше за АОК, од каде се пресели во Нестос, а потоа се врати во претходниот клуб.

Фудбалерот кој е роден на 14 август 2000 година кобниот ден се движел на релација Атина-Солун, а според информации во грчките медиуми, неговото семејство не знаело дека тој бил во возот во моментот на несреќата.

Тој накратко ги бранеше боите на Родос, од кој замина во Теспротос, со кој се раздели во јануари годинава.