Холандскиот научник Френк Хугербитс предупредува дека последователните потреси ќе продолжат уште некое време во централна Турција но и во околните региони.
Хугербитс предвиде пред три дена дека ќе се случи силен земјотрес кој денеска ги погоди Турција и Силија.
„Порано или подоцна овој регион (Јужна централна Турција, Јордан, Сирија, Либан) ќе доживее земјотрес од приближно 7,5 степени“, напиша тој на Твитер претходно овој месец.
Неговото предвидување испадна точно – синоќа и денеска серија силни земјотреси ги потресоа Турција и Сирија, а одделни потреси се регистрирани и во Либан.
Во својата нова прогноза, Хугербитс предупредува дека последователните потреси ќе продолжат уште некое време во централна Турција но и околните региони.
Be the first to write a comment.