Познатата пејачка и раперка Доја Кат беше една од гостите на престижниот гала настан Тајм 100, кој се одржа во средата вечерта во Линколн центарот во Њујорк.
На прославата присуствуваа ѕвезди од „А-листата“ како Ким Кардашијан, Салма Хајек, Ешли Греам, Стивен Спилберг, но Доја беше таа која успеа да го украде шоуто!
Таа на црвениот тепих пристигна во издание кое никого не остава рамнодушен, иако од неа не очекувавме ништо помалку – позната е како дама која секогаш избира екстравагантни и предизвикувачки креации.
Таа овој пат се одлучи за фустан со потпис на брендот Valetino, а иако не очекувавме ваков дизајн од италијанската модна куќа, дефинитивно можат да не’ изненадат.
Be the first to write a comment.