Синоќешната пресметка од СЕХА лигата помеѓу Партизан и Вардар (28-22) во салата во Белград привлече и многу познати имиња од ракометниот свет, меѓу кои беше и поранешниот голман на црвено-црните, Страхиња Милиќ, кој го проследи мечот во друштво на својот син.

Тој се уште е член на црно-белите, но подолго време е надвор од составот поради проблеми со вишокот килограми.

Фотографиите од дуелот во СЦ „Вождовац“ најдобро покажуваат дека Милиќ е далеку од потребната форма за професионален ракометар и дека и понатаму го има истиот проблем порадди кој беше отпуштен од Вардар во 2018 година.

Српскиот голман во Скопје дојде во 2012 година и беше дел од тимот кој ја освои првата европска титула во 2017 година.