Сопственик на луксузен станбен комплекс уништен од земјотресот во Турција, бил приведен на аеродромот во Истанбул, додека се обидувал да ја напушти земјата.

Станува збор за комплексот Renaissance Residence во провинцијата Хатај во југоисточна Турција. Мехмет Јашар Чошкун бил запрен на аеродромот Сабиха Ѓокчен во обид да отпатува за Црна Гора, јави турската агенција Анадолија.

Погледнете го апсењето, извршено по наредба на главниот јавен обвинител во областа Газиосманпаша во Истанбул:

Чошкун тргнал за Црна Гора со помала сума пари, која била запленета од аеродромската полиција, се наведува во извештајот. Тој допрва треба официјално да биде обвинет.

Луксузниот комплекс од 12 ката и 250 апартмани се наоѓаше во областа Антакија во Хатај. Беше рекламиран како луксузен резиденцијален објект изграден според градежните прописи.

Но, комплексот целосно се урна по земјотресот со јачина од 7,8 степени, што во понеделникот наутро го погоди југоисточниот град Газиантеп, а набргу потоа се случи и земјотрес со јачина од 7,5 степени во провинцијата Кахраманмарас.

Погледнете го уривањето на комплексот:

Се проценува дека во урнатините на комплексот се затрупани 800 луѓе.

Во четвртокот, турскиот министер за правда Бекир Боздаг објави дека е покрената судска истрага за урнатите згради за време на земјотресот.

Ќе се бара одговорност од оние кои ги изградиле зградите во во 10-те најпогодени провинции, или сноселе каква било одговорност за нивното уривање.