Поранешната членка на „Задруга“ Кристина Спалевиќ штотуку се породи и роди здраво машко дете. Гордиот татко Кристијан Голубовиќ веднаш се огласи и ги откри сите детали од породувањето.

– Добив син, мојата Кристина штотуку се породи! Ќе се вика Константин Коста Јуниор, исклучително сум среќен. Бебето е здраво и големо, тешко четири килограми и двесте грама. Не може да биде поинаку кога Кристијан прави деца! – рече Кристијан.