Стара снимка од напаѓачот Коста Кецмановиќ кој на 3 мај во Врачар во Србија уби осуммина ученици, а рани уште седуммина почна да се шири на ТикТок. Во видеото Коста на свои пет години раскажува за гумените играчки од животни кои ги има во својата детска соба. Луѓето во коментарите велат дека тоа на видеото е Коста во 2014 година. Детето се претставува како Коста Кецмановиќ иако официјална потврда за ова нема.

„Кој би рекол дека ова невино дете наскоро ќе создаде еден од најголемите настани во балканската историја“, гласи само еден од многуте коментари на видеото на луѓе, меѓу кои има и коментари на англиски и на други јазици.

Тој речиси секојдневно на Гугл пребарувал информации за најмасовните убијци ширум светот, а бил особено одушевен од мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо.

– Се зачудивме кога дознавме дека неговата секојдневна потрага се однесувала на тоа кои се најмасовните убијци ширум светот. Како убивале, што користеле, кои им биле жртви… Често го барал Ел Чапо, барајќи нови информации за него – открива извор близок до истрагата за српски медиуми.

Според неофицијални информации, момчето гледало филмови и серии кои ги прикажуваат страдањата на семејствата на убиените. Коста Кецмановиќ го планирал делото еден месец. На неговото биро полицијата пронашла и две белешки. На едната е мапа на движење низ училиштето, а на другата се имињата на 16 деца. На списокот за ликвидација имало деца кои момчето не ги знаело. Се сомневаат дека и нив сакал да ги убие, бидејќи во нешто биле подобри од него.

Коста Кецмановиќ пребарувал и информаци од Кривичниот законик на Србија за да утврди дали ќе одговара кривично, со оглед на возраста. Изворите блиски на истрагата велат дека тој не покажал никакво каење за извршеното дело или сочувство со жртвите и нивните семејства.

@idktbh12090 I onda pricaju ljudi da je psihopata od kada se rodio,ovo detence je andjeo 🙁 #kostakecmanovic #kosta #foryou ♬ original sound – someone