Безбедносни камери синоќа го снимиле моментот на железничката несреќа во Грција во која загинаа најмалку 36 патници.
Видеото го објави грчкиот весник „Прото Тема“ на својата веб-страница и на него се гледа како комерцијалниот воз кој се движи кон Лариса и патничкиот воз кој тргнал во 19:22 ч. од Атина се наоѓаат на истата линија од пругата и се движат со брзина од 166 километри на час, при што судирот е неизбежен. Судирот се случува во 23:21:16 часот.
Од силниот удар веднаш настанува пожар. Видеото можете да го погледнете во продолжение.
Be the first to write a comment.