На снимката може да се види ударот кој постепено се засилува, а на моменти тлото се поместува горе-дулу неколку метри.
На интернет мрежата Инстаграм се појави видео снимено од безбедносни камери на кои се гледа моментот на потресот. На него може да се види ударот кој постепено се засилува, а на моменти тлото се поместува горе-дулу неколку метри. Ударот доаѓа одоздола, а еднокатната куќа сепак не се урива.
Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија надмина 20.000 и може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради.
Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Туркије се урнале, а зоната на земјотресот зафаќа живелишта на околу 13 милиони луѓе.
Be the first to write a comment.