Екваторијална Гвинеја го потврди ширењето на вирусот Марбург, многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, откако најмалку девет лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Во централноафриканска земја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на непозната хеморагична треска. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.
СЗО соопшти дека во Екваторијална Гвинеја покрај деветте смртни случаи, пријавени се 16 случаи на сомнителен вирусот Марбург, кои вклучуваат симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја.
Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.
Локалните здравствени власти првично пријавија случај на непозната болест која предизвикува хеморагична треска, а примерокот на 6 февруари беше испратен во лабораторија во Сенегал, што беше позитивен на вирусот Марбург.
Како се пренесува?
Вирусот се пренесува на луѓето од овошни лилјаци и се шири меѓу луѓето преку пренос на телесни течности. Тоа е тешка болест со чести фатални исходи и симптоми на главоболка, треска, болки во мускулите, повраќање со крв и крварење.
Сè уште нема лек за Марбург, но лекарите велат дека останувањето хидриран и лекувањето на специфични симптоми ги подобрува шансите за преживување на пациентот.
Системите што се користат во Гвинеја и соседните земји за да се спречи неодамнешната епидемија на ебола се повторно активирани од вирусот Марбург.
Лекарите тврдат дека жртвите развиваат симптоми како што се дијареа, треска, гадење и повраќање, а со оглед на тоа што Марбург е крајно смртоносен, убива до 90 отсто од заразените,
Инаку, првата епидемија на Марбург беше во Германија во 1967 година, кога починаа седум лица. За време на епидемијата на вирусот Марбург во Ангола во 2005 година, починаа повеќе од 200 луѓе.
Според податоците на СЗО, спорадични случаи на оваа болест во Африка досега се регистрирани во Ангола, Демократска Република Конго, Кенија, Јужна Африка и Уганда.
Нема лек за Марбург
Вирусот Марбург е најсмртоносниот вирус во светот, имајќи предвид дека, според податоците на СЗО, убива до 90 отсто од заразените. Во моментов нема лек за болеста.
Почетните симптоми вклучуваат силна главоболка, висока температура, дијареа, абдоминална болка и повраќање. Со текот на времето, симптомите стануваат поизразени. По неколку дена, многу пациенти доживуваат внатрешно крварење или крварење од отворите на телото како што се устата, очите и ушите.
Марбург вирусот се пренесува на луѓе кои се изложени на рудници или пештери каде што се наоѓаат лилјаците. После тоа, вирусот се шири преку директен контакт со телесни течности на заразени лица или површини и материјали кои биле во контакт со тие течности, пренесуваат странските медиуми.
Be the first to write a comment.