Вистинска драма, за жал со трагичен исход, се одвивала синоќа и прексиноќа во Општата болница во Ужице.
Речиси сите дежурни лекари од оваа установа, плус двајцата кои дошле од дома да помогнат, дале се од себе да ја спасат 25-годишната Исидора Пузовиќ, трудница од Ужице. Сепак, нивните напори останаа залудни.
Младата жена која во четвртокот околу 17 часот била во шестиот месец од бременоста, во многу лоша состојба, со висока температура и се жалела на гадење, била примена на Гинеколошкото одделение.
На ултразвукот веднаш било утврдено дека плодот стар 23 недели што го носела е мртов, поради што гинеколозите морале да предизвикаат породување, по што била вратена на Одделот за гинекологија.
На бремената жена и биле дадени натамошни терапевтски мерки, но малку подоцна повторно и се влошила здравствената состојба, уште повеќе и се покачила температурата и паднала во кома, поради што е префрлена на Централното одделение за интензивна нега. Околу 23 часот започнала драматичната битка на болничкиот персонал за животот на жената.
Дежурните гинеколози повикале анестезиолози, интернисти, инфектолози, специјалисти за трансфузија, а хируршкиот тим бил подготвен. Шефот и заменикот на гинеколошкото одделение дошле од дома во болница за да се обидат да ја спасат трудницата. На лекување на 25-годишната бил ангажиран речиси целиот дежурен медицински персонал.
Откако Исидора паднала во кома, таа никогаш не се разбудила. Лекарите трипати ја реанимирале, последен пат околу три часа по полноќ, направиле се што е во нивна моќ, но не вредело. Не долго по третата реанимација, трудницата починала.
Иако засега само се претпоставува дека станува збор за сепса, причината за смртта ќе ја утврди обдукцијата.
Се омажила пред само две недели?
Како што пренесуваат некои српски медиуми, несреќната трудница се омажила пред само две недели.
Во Општата болница е формирана комисија која ќе врши внатрешен стручен надзор, со цел да се утврди дали има пропусти во лекувањето. Што ја предизвикало смртта на оваа млада жена ќе покаже обдукцијата.
Be the first to write a comment.