На десет семејства од Македонија со деца денеска им го прекинале одморот во хотелот Gerakini Sitonia vilage во Грција бидејќи агенцијата со која патувале „ЈК травел“ не ги подмириле сметките.
Дека агенцијата немало целосно платено за аранжманите ни потвдија и дел од оштетените туристи. Аце Стојковски за „Република“ раскажува низ што поминале денеска.
-Се вративме од плажа кога ни кажаа дека мора да го напуштиме хотелот иако имаме платено до недела. Проблеми имаше уште кога пристигнавме. Дојдовме четири фамилии, но сместување имаше само за две. Ја контактиравме агенцијата но никој не се јавува-објаснува Стојковски за „Република“.
„Никој од гостите нема да биде избркан, си остануваат до недела, до кога им е аранжманот. Дека е тоа така веќе се информирани сите туристи кои заминаа на одмор преку нашата агенција и тоа по СМС пораки“, се огласија од агенцијата за „ММС“.
„Станува збор за недоразбирање, кое веднаш е решено, туристите може да си уживаат во целиот одмор“, додаваат од „ЈК Травел“.
Be the first to write a comment.