Роман Костомаров, легендарниот руски лизгач, минува низ исклучително тешки моменти во животот, бидејќи поради здравствени проблеми му биле ампутирани двете нозе, а како што пишуваат странските медиуми, лекарите се борат да му ги спасат рацете.
Како што јави руската агенција ТАСС, Костомаров на почетокот на годината заболел од тешка пневмонија, која со себе донесе низа проблеми.
Рускиот спортист потоа разви гангрена, што го чинеше ампутација на долните екстремитети. Според локалните медиуми, лекарите се борат да ги спасат рацете на поранешниот светски шампион, бидејќи и тие се погодени од гангрена.
Костомаров е во болница од 10 јануари, а моментално е во медицински индуцирана кома.
– За жал, моравме да му ги ампутираме двете нозе. Операцијата помина без проблеми. Во принцип, телото се опоравува. Роман е свесен за се и неговата состојба се подобрува – ја пренесува ТАСС изјавата на лекарот.
Во текот на својата уметничка кариера, Костомаров освои се што требаше да се освои. Двапати беше светски првак, три пати европски шампион, а го освои олимпиското злато на Олимписките игри во Торино во 2006 година.
Успехот го постигна натпреварувајќи се во парови со Татјана Навка, Ана Семеновиќ и Екатерина Давидова. Костомаров има 45 години, од 2014 година е во брак со колешката Оксана Домнина, со која има две деца.
Be the first to write a comment.