Саша Поповиќ и популарниот фолк пејач Мирослав Илиќ не зборуваат 23 години.

Конфликтот настанал во 2000 година кога Мирослав сакал да премине од „ПГП РТС“ во „Гранд“ продукција, но пејачот имал посебен услов со кој тогашниот директор на „Гранд“ не сакал да се согласи.

Зборувајќи на бројни теми, Поповиќ откри каков однос има со колегите, а се осврна и на конфликтот со Мирослав Илиќ.

„Не сум разговарал со Мирослав Илиќ 23 години. Никогаш не го ни сретнав. Тој едноставно престана да комуницира со мене во 2000 година. Поминаа 23 години, иако ја ценам неговата работа и неговите песни се секогаш добредојдени во „Ѕвезда Гранда““, рекол Поповиќ.