Вистинска драма се одвивала во обложувалница во Љубиќ,во Србија, кога група крадци со качулки и палки упаднале во зградата барајќи од вработената да ги предаде сите пари.
Но, таа не се исплашила, туку им пружила жесток отпор на напаѓачите, кои дури успеала да ги избрка.
„На крајот еден од нив го срушила обидувајќи се да му ја соблече качулката, па напаѓачите побегнале. Ружа успеала да ја спаси касата од крадците, иако биле двајца“, извор запознаен со инцидентот изјавил за српските медиуми.
Вработената во обложувалницата е самохрана мајка и ова е само една од работите што ги работи за да го издржува семејството. Целиот случај ќе биде пријавен до надлежните органи.
Be the first to write a comment.