Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција, истакна дека Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата.

Таравари нагласи дека и во спроведениот партиски референдум членовите одлучиле дека треба да се влезе во Владата.

Тој нагласи дека Министерство за здравство и Министерство правда, се сигурни министерски места кои ги добива АА, а не се знае дали Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, ќе биде договореното трето министерско место.

Арбен Таравари за утре најави лидерска средба каде што ќе ги објави имињата на идните министри.