Познатата актерка Милена Радуловиќ (27) синоќа се појави во јавноста во ново издание, кое ги привлече погледите, но и машките воздишки.
Милена Радуловиќ овој пат избра сив фустан, кој ги истакна нејзините атрибути, додека облините беа исцртани под ткаенината.
Таа трпеливо им позираше на насобраните фотографи, а некои коментираа дека никогаш не изгледала подобро. Овој аутфит значеше и гол грб, додека Милена цело време беше одлично расположена.
Да потсетиме, Милена Радуловиќ во филмот „Тома“ ја игра Нада, третата сопруга на Тома Здравковиќ, која пејачот ја запозна и се омажи во Црна Гора. Таа и Милан имаат неколку интимни сцени во филмот, а актерот еднаш откри како поминало снимањето на овие кадри.
– Сите бевме водени од емоции и интуиција. Бјела не пушти, ни дозволи да се водиме од емоциите во сцените. Моја должност беше како постар колега да бидам внимателен и грижлив во интимните сцени со Милена Радуловиќ – изјави Мариќ во емисијата „Кец на единаесет“.
Be the first to write a comment.