Градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков, ја разреши директорката на училиштето во кое беше малтретиран малолетен ученик од свои врсници.

Ги повика сите институции да работат на целосно расветлување на случајот и побара да се утврди каде настанал пропустот но и одговорност за сите што не реагирале и дозволиле булингот да помине незабележано цели две години.

– Без разлика што и како и дали се постапило во врска со овој случај, сега треба да се согледаат последиците и зошто е дојдено до ова, односно да излезе целата ситуација од контрола, вели градоначалникот во својата реакција… За случајот јавноста дозна откако таткото на жртвата просведочи за тортурата која цели две години ја трпело неговото дете.

Тој рече дека иако насилството било пријавено и во СВР Велес пред дваесет дена од таму не добивал никакви информации за тоа дали тече и до каде е постапката, за пред два дена од МВР да соопштат дека до нив имало таква пријава како и дека била земена изјава и од детето.

Таткото најави и дека за случајот најверојатно ќе бара и правна разврска.