По точно 25 дена минати во истражен затвор, 20-годишниот Матеј К., младото момче кое до смрт го претепа својот пријател, младиот хрватски војник Јаков Бочкај (21), е пуштен на слобода, јавуваат хрватските медиуми. Мештаните викендов го виделе осомничениот Матеј, а оваа вест ја потврди и Игор Јурановиќ, неговиот адвокат.
– Случајот се уште е во фаза на истрага, а можам само да потврдам дека на 12-ти мај мојот клиент е пуштен од истражен затвор – изјави денеска за Јутарњи лист адвокатот Јурановиќ. Воедно не сака да открие дали судскиот совет ја прифатил жалбата за притворот или во меѓувреме во текот на истрагата биле сослушани сите предложени сведоци и затоа се исполнети сите услови за ослободување.
Имено, претходниот бранител на обвинетиот, Анита Пезер, доделена на Матеј К. по службена должност, поднесе жалба на решението на истражниот судија на Жупанискиот суд во Славонски Брод, кој го приведе нејзиниот клиент за да не влијае врз сведоците, бидејќи според неа предложените сведоци немале што да додадат со оглед на тоа што Матеј К. детално ја презентирал својата одбрана пред органите на прогонот.
За потсетување, срцето на Бочкај престана да чука во болницата во Пожега на 16 април годинава во 9 часот и 20 минути, точно седум часа по непријатната тепачка на паркингот во Пожега, која следеше по кратка расправија со неговиот најдобар пријател Матеј К.
Кобната ноќ, починатиот кој во тој момент не бил на должност и осомничениот биле на ноќно излегување. Цела ноќ ја поминале заедно како и секој друг пат, но Бочкај не се вратил дома. Матеј К. во еден момент сакал да си оди дома. Пристигнувајќи до неговиот автомобил, настанала бесмислена расправија, поради што Бочкај наводно удрил по автомобилот на Матеј, што било причината тој да го нокаутира.
Јаков паднал на земја каде Матеј наводно продолжил силно да го удира во пределот на главата. Тогаш медиумите пишуваа и дека напаѓачот го оставил својот пријател во бессознание на земјата, а подоцна се вратил на местото на настанот, кога полицијата со прегледување на снимките од видео надзорот открила кој е всушност сторителот.
Be the first to write a comment.