Бразилската фудбалска легенда, Пеле попладнево бил итно примен во болница во Сао Паоло со отоци на целото тело и проблеми со срцето.
Пеле веќе подолг период води битка со ракот, а сега очигледно се појавиле и дополнителни проблеми. За 82-годишниот Пеле се грижи неговата сопруга заедно со негователка, токму тие го однеле во болницата.
Според бразилскиот „ЕСПН“ докторите му дијагностицирале на Пеле срцева слабост. Освен тоа легендарниот фудбалер не можел самиот да се храни.
Третманот кој во последниот период го користел Пеле за борба против ракот не бил успешен и неговото тело не одговарало позитивно на хемотерапијата која ја примал. Првичните информации се загрижувачки, а во текот на денот се очекува да бидат направени нови тестови.
Be the first to write a comment.