Осум лица загинаа, а 35 се повредени во автобуска несреќа во Турција, јави турската телевизија ТРТ.

Автобусот кој сообраќал од Дијарбакир кон Бодрум излетал од патот и се превртел во реонот на градот Динар. На местото на настанот веднаш биле испратени спасувачки екипи.

Во автобусот имало вкупно 43 лица.

– Несреќата се случила во раните утрински часови во близина на селото Карабедир во областа Динар. Патничкиот автобус кој сообраќал од Дијарбакир кон Бодрум се превртел откако возачот изгубил контрола над воланот. По несреќата, многу спасувачки екипи се испратени на местото на настанот, објави весникот Хуријет.

Состојбата на четворица од повредените се оценува како сериозна, јавија турските медиуми, повикувајќи се на локални претставници, пренесоа ТАСС и БТА.

📸

📸

📸

📸

📸

📸