Комбе коешто врши јавен превоз за потребите на Општина Чашка удрило во железничко превозно средство на пругата кај поранешна „Порцеланка“.

Во сообраќајната незгода повредени се 12 граѓани од кои двајца од населба Чашка и останатите од село Мелница, рече Горан Стојановски Градоначалник на Општина Чашка којшто е на лице место на сообраќајната незгода.

-Денеска околу 12 часот на патниот премин Порцеланка се случи сообраќајна несреќа, несреќа во која јас би кажал дека во сета несреќа има и среќа, бидејќи се е поминато со полесни повреди. Имено, се работи за работи за јавен превозник кој се обавува на територијата на општина Чашка, кон населбата Чашка и селото Мелница. Повредени се 12 граѓани, рече градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски.

📸

📸

📸