На автопатот Белград-Ниш кај Ласта утринава околу 5 часот и 30 минути дошло до верижен судир во кој учествувале пет возила, а неколку лица се повредени.
Како што е објавено на страницата на Инстаграм 192_rs, повредени се најмалку четири лица. Тие наведуваат и дека на Гинеколошко-акушерската клиника била пренесена трудница која требало да се породи, а која била во едно од возилата, но за среќа не била повредена.
Д-р Ивана Стефановиќ од Итната помош за РТС изјави дека два тима превезле четворица пациенти, од кои едната трудница.
– Немаше видливи повреди, но бремена е и затоа ја транспортиравме во Вишеградска, додава д-р Стефановиќ.
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.