Со редици во некои избирачки центри и слаба излезност на гласачи во други, во Италија продолжува изборниот процес, во натпревар кој доколку се потврдат прогнозите ќе донесе потреси на политичката сцена во земјата.
Во Рим, пред многу избирачки места се формираа долги редици, главно поради приоритетните броеви што им се даваат на граѓаните за да се избегне двојно гласање и ризикот од измама. Помали проблеми биле пријавени на избирачко место во Рим каде расипан лифт ги попречувал луѓето со проблеми со движењето.
Редици и доцнења беа забележани и на избирачко место во Милано, бидејќи неколку граѓани морале да ги заменат гласачките ливчиња. Сликата е поинаква во Сардинија, каде што процентот на гласачи во два региони беше исклучително низок, под 5%, веројатно во знак на протест на граѓаните кон државата поради недостигот на лекари во нивниот регион.
Излезноста на гласачите заклучно со 19:00 часот (локално време) беше 51%. Ова е забележливо намалување, за седум поени, во однос на изборите во 2018 година.
Гласаа политичарите – освен Мелони
Во меѓувреме, гласаа претседателот на Републиката Серџо Матарела и политичките лидери – освен Џорџа Мелони, која требаше да гласа во 10 часот, но го одложи појавувањето на избирачкото место за 22 часот, еден час пред затворањето на гласачките места.
Во меѓувреме на TikTok постави видео како држи… две дињи и порака „Јас кажав се“.
Италијанските медиуми објавија дека одлуката на политичарката се должи на тоа што голем број новинари и фотографи се упатиле кон конкретниот дел и таа не сакала да им прави проблеми на останатите гласачи.
Be the first to write a comment.