Лошоте вести само се нижат – по веста дека тренерот на Искендерунспор Ибрахим Халил Олмез им подлегна на повредите здобиени во разорниот земјотрес, турскиот спорт го потресе уште една смрт. Почина и фудбалерот на Кахраманмараш Истиклалспор, Хакан Доган, пренесува „Хуриет“.

„Со длабока тага дознаваме дека Хакан Доган, играч на Кахраманмарас Истиклалспор, еден од клубовите на Регионалната аматерска лига загинал во земјотресот што ја погоди нашата земја. Господ да го помилува Хакан Доган и ја изразуваме нашата сочувство до неговото ужалено семејство и роднините. Во оваа прилика уште еднаш им посакуваме Божја милост на сите наши граѓани кои ги загубија животите во земјотресот, а на нашите повредени брзо закрепнување. Сочувство до нашиот народ“, се вели во соопштението на турскиот Фудбалски сојуз.

Повеќе од 16.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија во земјотресите што ги погодија овие две земји, објавија агенциите официјални податоци. Во потрагата по преживеани учествуваат 79.000 луѓе.