Ќерката на повозрасната жена која беше физички малтретирана во центар за стари лица во Пеќ, емотивно изјави дека е шокирана од насилството кое ѝ е сторено на нејзината мајка.
Жанета Нура даде детали за случајот што ѝ со нејзината мајка кој вечерва го вознемири цел регион, велејќи дека ја посетувала барем еднаш до двапати неделно.
Последен пат ја посетила пред четири дена. Нејзината ќерка изјави дека забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не верувала дека работниците од центарот можеле да го направат тоа.
– Јас ја посетувам барем еднаш неделно. Пред четири-пет дена видов знак на насилство на лицето, но мојот ум не ни помисли дека има насилство во дом кој е по швајцарски стандарди, никако не помислив, вели ќерката.
Семејството вечерва си ја зеде жената од домот и изрази надеж дека правдата ќе го извади овој случај на виделина.
– Тоа и се случи на мајка ми, но не дозволувајте да им се случи на другите. Да извршат насилство врз 70-годишна жена, три медицински сестри, од кои едната извршила максимално насилство со држење на рацете, а другите две смеејќи се, ова е крај на светот. Многу сум вознемирена, вели ќерката.
Таа рече дека ќе направи се за правдата да биде задоволена.
Во меѓувреме, обвинителот на Обвинителството Пеќ, Доријан Јунику, кој го истражува случајот, изјави дека има информации дека во центарот за стари лица во Пеќ може да има и други случаи на насилство, исто така и врз други стари лица, покрај ова што е пријавено во текот на денот.
Јунику нагласи дека случајот се уште е во истражна фаза, и дека нема да запрат додека не се разреши овој случај.
Се огласи таткото на насилната медицинска сестра
Таткото на медицинската сестра Аурона Пелај, Наим Пелај, која се појави во видео скандалот како физички ја напаѓа повозрасната жена во Пеќ, јавно се извини за постапката на неговата ќерка.
Јавно извинување и прошка побара и од семејството на старата жена, велејќи дека објавените слики тешко го погодиле него и семејството. Инаку, старата жена е мајка на поранешен војник на УЧК, Таулант Нура.
„Почитувано семејство на мајката на слободарскиот маченик Таулант Нура, благодарение на неговата крв денес уживаме во слободата, сакаме да ја споделиме болката со вас и од длабочината на душата ја чувствуваме со вас повредата што ја има предизвикано нашата ќерка. Знам дека поминувате низ тешки моменти, но дозволете ни јавно да се извиниме во името на моето семејство Пелај, на вас, на семејството Нура и на целиот албански народ. Дај Боже овој случај да не се повтори, а ние морално и духовно цел живот ви должиме вам, за духовната трагедија што ви ја предизвика нашата ќерка“, изјави Пелај за Клан Косова.
Пелај побара правосудните институции да се позанимаваат со предметниот случај.
„Исто така, во случајот со нашата ќерка, бараме од органите на прогонот да постапат според законите на Република Косово за делата за кои ја товарат.
Be the first to write a comment.