Пејачката Лана Токовиќ ненадејно почина, а сега нејзината пријателка Зорана Павиќ откри што се случило.
– За жал, точно е дека мојата Лана почина. Многу ми е жал, многу се потресов, не знам што да кажам. Колку што знам, таа беше во кома, но не беше болна, немаше болки. Колку што знам, била примена во болница на рутински преглед, но се случило најлошото – изјавила Зорана.
Лана Токовиќ дипломирала пијано и соло пеење. Била член на драмската група во Белград во класата на професорот Миодраг Алексиќ.
Професионалното вклучување во музиката го започнала на 16 години, најпрвин во Студио 13, а потоа во Студио 6 на Радио Белград, каде станала најмладиот продуцент и музички уредник. Својот ангажман на ова поле го продолжила во две музички компании од Љубљана.
Be the first to write a comment.