Почина Владимир Пуклавец, сопственик на Винаријата Пукловец од Словенија.
На социјалните мрежи се изразува сочуство.
“Со големо неверување ја примив веста дека повеќе те нема драг Владо. Нека ти е светол патот, Македонија и Словенија изгубија голем човек. Беше првиот странски инвеститор кој веруваше во винарството (и покрај се) во потенцијалите на Македонија. Човек кој пред се и покрај се живееше за и со виното. Твоите добри дела секогаш ќе се паметат. Засекогаш ќе бидеш запаметен. Почивај во мир. Ти благодарам за се, вечна ти слава“, напиша на социјалните мрежи Дане Јованов.
Инаку, винаријата Пуклавец е најголемата винарија во Словенија која произведува 4,2 милиони литри вино годишно. Нивното вино се извезува во 26 земји, а од 2011 година имаат винарија и во Македонија – Дисан Хилс Неготино. Сопствениците на винаријата имаа само пофални зборови за квалитетот на македонското грозје.
„Љубовта на семејството Пуклавец кон виното може да се следи од 1934 година во Словенија. Мартин Пуклавец имаше визија: заедно да ги правиме најдобрите вина. Оваа филозофија продолжува да резонира преку семејното производство на вино денес. Семејните вина Пуклавец се водени од основните вредности на страста, напорната работа и посветеноста на квалитетот. Владимир Пуклавец и неговите две ќерки, Татјана и Кристина работат заедно, заедно со другите лозари, со решеност да продолжат со стремежот кон визијата на нивниот (дедо) татко.
Вината од семејството Пуклавец се произведуваат во срцето на Љутомер-Ормож, винарска област во регионот Подравје, во североисточниот дел на Словенија. Оваа област обезбедува совршени микроклиматски услови за одгледување грозје. Резултатот се елегантни вина, изработени со бескомпромисно и страсно внимание на деталите, убаво избалансирани и експресивни како пејзажот на нашите лозја“, стои на веб страната на компанијата.
Be the first to write a comment.