Во емисијата „Гол живот“ на Миломир Мариќ, бизнисменот Драган Вујичиќ Бего, пријател на Жељко Ражнатовиќ Аркан, изнесе шокантни тврдења дека Аркан добил 16 пиштоли од поранешната сојузна Управа за државна безбедност (УДБА), по еден за секое лице што го убил.
Инаку, Драган Вујичиќ Бего бил поврзан и со Земунскиот клан во полициската акција „Сабја“.
„Сето тоа беше поврзано со безбедноста. Не знам дали е добро да се каже? Аркан ја зеде УДБА. Ми рече дека добил 16 пиштоли на подарок. „А кои 16?“ го прашав. „Па за секој кој и да убив, добив“, ми кажа Аркан.
Ми кажа како тогаш државата знаела да го почитува. Каде и да одел го чекал друг пасош, пари…, изјавил Вујичиќ.
Be the first to write a comment.