Тројца македонски државјани, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога.
Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.
Според грчките медиуми девојката е македонска инфлуенсерка, чиј татко е политичар од Македонија, а мајка ѝ е адвокатка. Според извори на А1он станува збор за ќерка на поранешен градоначалник на Велес.
Според грчкиот сајт protothema.gr таа била дел од банда на познат либански диџеј кој живее на островот Миконос, каде и е уапсена.
Полицијата подолго време ги следела уапсените кои биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцер.
34-годишникот бил водач, по негова наредба, ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат дрогата и како и каде да ја продаваат, додека 35-годишник со помош на впечатливата 21-годишна инфлуенсерка имала задача да ги наоѓа клиентите, пренесува грчкиот сајт.
Во полициската акција властите го уапсиле и либански диџеј кој бил клиент на скопскиот картел за кокаин. 36-годишниот жител на Атина, кој потекнува од добро ситуирано семејство и вообичаено летувал на Миконос, поседувал 3,7 грама кокаин.
Тој, всушност, во изјавата што ја дал во полиција тврдел дека дрогата ја набавил од криминалната група, пренесува грчкиот весник.
Неофицијално, идентитетот на 21 годишната инфлуенсерка е О.П.
Be the first to write a comment.