„За стајлингот, да бидам искрена, најважно е пред сè да ми се допадне мене. Тој и овојпат беше избран во склоп со песните. Особено за „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша аутфитот требаше да биде впечатлив“, вели Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци за CRNOBELO.com.
Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци е една од највпечатливите учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ кога станува збор за изборот на аутфити. Па, како што најави претходно, така и беше во вчерашното издание (29.04) на „Ѕвездите на Гранд“ – повторно уникатна и впечатлива.
Таа носеше црн комбинезон со една ногавица и голем број златни детали, долго портокалово здолниште, како и моден детаљ за главата изработен од пердуви. За CRNOBELO.com Милица открива детали за настапот:
„Мора да напоменам дека две седмици пред настапот бев болна и бев на инфузии, инјекции и инхалации. И не го кажувам ова за да се жалам затоа што честопати ми се случува, но мислам дека се исплатеше целиот напор и стрес, затоа што во овој круг се претставив солидно.
Пред да настапам стресот беше голем, но кога излегов на сцената сè помина во најдобар ред. Искрено, не размислував околу гласовите на жирито, туку се фокусирав на пеењето и на настапот.
Се радувам што на крај се претставив како што треба и ги добив сите гласови од жирито. Коментарите од жирито беа одлични, но не значи дека ако имав критики од нив ќе се разочарав. Напротив, критиките ме мотивираат уште повеќе. Стајлингот и овојпат беше избран во склоп со песните и мислам дека ќе ѝ се допадне и на публиката. За стајлингот, да бидам искрена, најважно е пред сè да ми се допадне мене.
Првата песна ми беше љубовна балада и сметав дека треба да изгледам раскошно и за тоа се погрижи мојот тим.
Додека во втората песна, за која се одлучивме заедно со мојот ментор Мили, изборот падна на „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша и сметав дека аутфитот требаше да биде сосема поразличен од првата песна. И мислам дека тоа беше вистински погодок.
За сценскиот настап, барем досега, не спремам посебна кореографија. Затоа што кореографијата сметам дека ми оди од рака и тоа го правам на самата сцена. Севкупно сум задоволна од настапот во 4-иот круг и ќе се трудам секој следен настап да бидам вокално и сценски поспремна“.
Be the first to write a comment.