











„Прв пат кога Ѓорѓе потегна пиштол врз мојата ќерка беше на 20 јануари, кога таа реши да го остави, тогаш татко му го разоружа. Таа доаѓаше кај мене пред да отиде таму и ми кажуваше дека не ѝ се оди …“.
Ова се зборовите на Ивана Бекиќ, мајката на Невена (20), која ја уби нејзиниот сопруг, полицаецот Ѓорѓе П.(28), а потоа се самоуби.






Убиството и самоубиството се случиле во петокот попладне во белградската населба Гроцка, во станот во кој пред неколку месеци се преселиле Ѓорѓе и Невена. Како што открива мајката на Невена, Ивана, на кобниот ден Невена дошла да си ги земе од станот работите што ги немала земено, бидејќи пред околу две недели се иселила од нивниот заеднички дом затоа што не сакала повеќе да биде во брак со Ѓорѓе.
– Невена отиде по негово убедување, да дојде да ги собере работите и да се поздрави, да не ја вртат главата еден од друг – објаснува мајката на Невена. Но, Ѓорѓе извадил пиштол и ја застрелал несреќната девојка која на лице место им подлегнала на повредите, а потоа се самоубил. Набрзо на лице место пристигнала и полицијата и брзата помош, но за овие млади веќе било доцна.






– Доаѓаше кај мене пред да оди таму и ми велеше дека не ѝ се оди – вели мајката на Невена.
Во меѓувреме, додаде таа, контактирала со семејството на полицаецот Ѓорѓе.
– Ги контактирав за да ги известам што направи нивниот скот. Не се удостоија да изразат сочувство – раскажува неутешната мајка.






– Невена е родена на 4 јануари 2003 година како прво сакано дете од убаво, угледно семејство. Секогаш беше опкружена со друштво, насмеана, позитивна. Заврши средно економско училиште во Гроцка. Можам само да ви кажам дека таа беше примерно дете. Третина од моето срце отиде со неа, а другите две третини се за нејзините сестри – раскажува мајката на Невена.
Како што вели, на сите нејзини деца би сакала да им каже дека треба да ги слушаат советите на родителите, бидејќи и Невена видела дека мајка ѝ е во право.






Be the first to write a comment.