Во црквата „Свети Петар и Павле“ во Јаница во регионот на Централна Македонија во северна Грција, денеска беше погребана 23 годишната Ифигенија Мицка, која го загуби животот во железничката трагедија кај Темпи.
Членовите на нејзиното семејство и блиските роднини и пријатели ја испратија младата девојка на своето вечно почивалиште. Згаснувањето на животот на младата Ифигенија предизвика огромна болка.
Многу луѓе се појавија во црковниот храм за „последното збогум“ на прерано починатата девојка. Ифигенија Мицка беше во вагонот бр. 3 на возот Интерсити 62 и се враќала со партнерот од Атина.
Адвокатот на семејството на Ифигенија, Стелиос Сурлас, во изјава за СКАИ рече дека „денес е многу тежок момент за семејството на 23-годишната Ифигенија“.
Нејзиното семејство, вели авокатот Сурлас, е преплавено со тага, но и гнев.
– Имаме доверба во грчката правда, сигурни сме дека одговорните ќе бидат сместени таму каде што им е местото. Семејствата на жртвите чекаат искрено извинување кое не го добија, додаде тој.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.