Ќиро Блажевиќ почина денеска во Загреб на 88-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Легендарниот поранешен селектор на хрватската репрезентација водеше тешка битка со ракот на простата, а почина само два дена пред својот 88 роденден.
Фотографот на Cropix, Томислав Кришто, последен пат го „улови“ Ќиро со фотообјектив додека шета низ градот во придружба на неговиот син. Тогаш се виде дека оди тешко, а случајните минувачи го поздравуваа на плоштадот Бан Јелачиќ.
Синоќа неговата состојба нагло се влошила и брзата помош дошла да го земе и го однела во болницата Зајчева, каде на крајот починал.
Во продолжение погледнете ги последните фотографии од Ќиро Блажевиќ:
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.