Петгодишната Нина Анѓелиќ од српскиот град Кладово, кое денеска исчезна од градинката во која одело, а по него трагаше цел град, е пронајдено околу 17 часот и 40 минути во лозје покрај локалниот пат меѓу Кладово и Костолац, јавија српските медиуми.
Според првичните информации, девојчето, за кое неговата мајка откри дека слабо комуницира за неговата возраст, не е повредено.
Нина исчезна околу десет часот претпладнево, кога ја немало во групата деца што се вратиле во градинката откако играле во дворот. Стотици полицајци и жители на Кладово учествуваа во потрагата.
Еден од полицајците кои го бараа девојчето, за српските медиуми изјави дека пронаоѓањето на Нина било „неверојатно олеснување“. Била најденa на 5 километри оддалеченост од градинката.
Be the first to write a comment.