Канадската полиција објави видео на кое се гледа инцидент кој се случил пред неколку дена во градот Лавал.

Сè уште непознати сторители украле автомобил „ауди А4“ од 2011 година, возеле 550 километри до трговскиот центар Вон Милс и потоа се провозеле низ центарот. По лудило во кое за среќа никој не е повреден, тие го напуштиле автомобилот и побегнале.

Како што информира полицискиот портпарол Клинт Витни, овој вандалски чин предизвикал голема материјална штета, а идентитетот на сторителите се уште не е откриен. Полицијата известила дека сторителите застанале во специјализирана продавница за електроника од каде украле непозната количина стока.

Сопственичката на Ауди открила дека автомобилот ѝ бил украден неколку дена претходно, откако го рекламирала преку Фејсбук. Неименуван „купувач“ го украл Аудито по тест возењето.