Полицијата и обвинителството се уште истражуваат дали од струен удар загинала младата 22-годишна кумановка.
Телото е предадено на обдукција кое треба да ги утврди точните причини за смртта на девојката. Во истрагата која ја води обвинителството, земени се изјави од сведоците на настанот. Според информациите на Скопје Инфо настанот се случил во луксузен хотел во Старата скопска чаршија, каде неколку девојки правеле моминска вечер.
Почината девојка се бањала во базен и кога излегла, со рака го зела мобилниот кој што бил приклучен на полнач.
Девојката паднала и веднаш струјата поради спој се исклучила во целиот објект, по што вчера веднаш по полноќ била повикана полиција и итна помош. Констатирале смрт на девојката која дошла од Куманово на забавата.
Полицијата во соопштение објави дека трагичниот инцидент се случил во угостителски објект без потенцирање дека станува збор за елитен скопски хотел.
Истрагата проверува и како дошло до електричниот спој и од што е предизвикан.
Be the first to write a comment.