Погребана е Петра Владуловиќ, двегодишното девојче од Зајечар за чие свирепо убиство е осомничен нејзиниот очув Милош Николиќ (26), пренесува „Телеграф.рс“.

Николиќ е осомничен дека во изнајмената куќа брутално ја претепал малата Петра. Осомничена е и мајката на девојчето, Јелена Тодоровска (23), која во тој момент била во куќата.

Девојчето беше погребано на локалните гробишта во присуство на нејзиното семејство и други ожалостени. Таа беше погребана во земја во бел ковчег.

Нејзината обдукција е завршена во Институтот за судска медицина во Ниш, а првичните резултати покажуваат дека од силината на ударите на девојчето и бил распукан црниот дроб. Таа имала и смртоносни повреди на главата, пренесува „Телеграф.рс“.