Почина Олех Мудрак, командант на првиот баталјон на Азовскиот полк, потврди неговиот внук Данило на својот Инстаграм.
Олех Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво и преживеа експлозија во логорот Оленивка. Тој беше ослободен од руско заробеништво минатиот септември. Неговиот внук не ја откри причината за смртта, пишува Украинска правда.
Олех Мудрак го бранеше Маријупол уште од 2014 година, а учествуваше и во жестоки битки за фабриката за челик Азовстал по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.
Тој беше заробен од руските сили откако украинските сили го напуштија Азовстал и се вратија во Украина во размена на затвореници во септември.
Oleh Mudrak, commander of Azov's 1st Battalion, defended Azovstal. Then he went through 6 months of Russian captivity.
Today his heart stopped beating. His nephew wrote: "Oleh lit up the hearts of everyone around him."
RIP, Hero.
Photos: before and in Russian captivity. pic.twitter.com/jPVDB9JqZ7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 22, 2023
Be the first to write a comment.