Поранешниот уругвајски репрезентативец и играч на Јувентус, Насионал, Калјари и Перуџа, Фабијан О’Нил денеска почина на 50-годишна возраст во Монтевидео.
О’Нил во саботата бил префрлен во болница во Монтевидео, Уругвај, во критична состојба, имал внатрешно крвавење предивикано од долгогодишната болест на црниот дроб со која се бореше поради алкохолот, а најважната битка ја загуби само 24 часа подоцна.
Откако бил префрлен во болница, состојбата му се влошила, паднал и во кома пред да почине.
Уругваецот и во 2016 и во 2020 година исто така бил донесен во болница поради проблеми со црниот дроб, но тогаш успеа да ја победи болеста.
Фабијан О’Нил кариерата ја започна во уругвајскиот Насионал, а во 1996 година се сели во Серија А потпишувајќи за Калјари. За тимот од Сардинија играше четири години, по што се пресели во Јувентус. По Старата дама остана една сезона, и се пресели во Перуџа, а потоа играше и во Калјари, а кариерата ја заврши во тимот во кој и ја започна, Насионал.
О’Нил по завршување на кариерата му се оддаде на алкохолот, а неколку години подоцна призна дека сите пари што ги заработил од фудбалот, околу 14 милиони долари ги потрошил на „алкохол, спори коњи и на брзи жени“.
„Проблемите ми се таложеа со години, а најмногу ги имав со алкохолот. По операцијата на мочниот меур, три години не смеев да допрам чаша, но издржав само еден месец. Престанав да се обложувам бидејќи немав повеќе пари“, ја цитира Ел Паис неговата изјава, кој додава дека пред неполни три години почнал да има сериозни здравствени проблеми. По кариерата се вработил како келнер бидејќи останал без пари.
Покрај за Јувентус, тој играше и за Каљари, Перуџа и уругвајскиот Национал, а додека играше за „Старата дама“ Зинедин Зидан во едно интервју го прогласи за најталентиран играч. По неговата фудбалска кариера раскажа како еднаш наместил натпревар додека играл со Каљари против Киево од Верона:
„На сите им одговараше нерешен исход, а покрај тоа добивме и награда од челниците на нашите клубови доколку успееме да останеме во лигата. Договорив реми со нивниот капитен, како и со моите соиграчи. Заработивме и пари во обложувалниците затоа што се обложивме на нерешено.
Be the first to write a comment.