Откако попладнево одреден број на медиуми објавија дека наводно починал популарниот музичар Ферус Мустафов се огласија од неговото семеjство.

На друштвената мрежа Фејсбук се огласи Ферчо Мустафов кој ги демантираше вестите дека познатиот музичар починал во болница.

„Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат, но вистина е дека е во болница и се бори за својот живот“, напиша неговиот внук.