Писателот Владимир Кецмановиќ се најде на удар на јавноста откако беше објавен текст во кој писателот се обвинува дека неговата книга „Кога ѓаволите ќе полетаат“ била инспирација за малолетно момче убиец, кој изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ на почетокот на мај. Работата да биде уште полоша, писателот има исто име и презиме како таткото на момчето убиец, а тие се далечни роднини.
Писателот вели дека е „обвинет“ за фикцијата и дека неговиот адвокат веќе се занимава со тоа.
– Не знам како може да се коментира таков идиотизам. Кога се случи тоа убиство, поради истото презиме како најмладиот масовен убиец во светот, на социјалните мрежи имаше разни глупости на кои не ни реагирав, пред се од почит кон жртвите и нивните семејства – вели писателот.
Најпрво сите го помешаа со таткото на малолетниот масовен убиец, а како што вели пистаелот, тој е во далечна роднинска врска со тоа семејство.
– Го познавам таткото и не можам да кажам ништо лошо, истрагата ќе утврди што и како се случило. Ангажирав адвокат за да дознаам кој стои зад ова. Многу е поимбецилен нападот на книгата. Да не беше толку страшен контекст, ќе беше смешно. Мојот роман е за Орвеловскиот свет и тој е метафора за тој свет. И токму она што се случува ни кажува за тоа. Иако изгледа невозможно, се чини дека може да ве нападнат за фикција – вели писателот.
Be the first to write a comment.