Руското Министерство за надворешни работи ја критикуваше одлуката да не биде поканета Русија на погребот на кралицата Елизабета Втора како „длабоко неморална“ и „богохулна“ кон споменот на починатиот монарх. Бакингемската палата објави дека одредени земји, вклучувајќи ги Русија, Белорусија, Авганистан, Бурма и Сирија, не биле поканети на државниот погреб на Елизабета, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст по 70 години на тронот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека одлуката да не се покани Русија е „богохулна“ за споменот на кралицата Елизабета. Захарова изјави дека Русија го гледа „обидот да се искористи националната трагедија, која допре до срцата на милиони луѓе ширум светот, за геополитички цели и да се пресмета со Русија“, Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, запрашан дали Москва добила покана да присуствува на погребот, рече дека претседателот Владимир Путин „нема планови да учествува на кој било меморијал или на која било друга церемонија“.
Повеќе од 2.000 гости се очекува да бидат присутни во Вестминстерската опатија на 19 септември на црковна служба посветена на нејзиниот живот и владеење. Кралицата треба да биде погребана заедно со нејзиниот сопруг, принцот Филип, во замокот Виндзор.
Be the first to write a comment.