Претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата 24 Анализа кажа дека неговата плата е 93 000 денари со 32 години стаж.

Се осврна на високите плати во М-НАВ по скандалот со аферата „Паразити“, објавена од ВМРО-ДПМЕ, според која извршните директори на Контролата за летање Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски на име плата месечно добиваат по 345.000 денари, односно околу 266.000 денари.

– Данскиот амбасадор се интересираше за писмото на М-НАВ до нив и која е позадината на тоа, народски кажано Како баш овие ги одбравте. И јас морав да прашувам и не ми се веруваше дека ова е можно. Апсолутно ми е јасно дека ако нема злоупотреби, тука нема дискусија, рече Пендаровски.